Европските лидери со поддршка за Макрон
Европските лидери му честитаа на центристот Емануел Макрон, и му посакаа победа во вториот круг од претседателските избори во Франција. Неговата ривалка од Националниот фронт, Ле Пен, го поздрави, според неа, историскиот резултат на партијата, и вети ослободување од арогантните елити. Макрон беше предложен од францускиот претседател Оланд, додека Ле Пен ги застапува ставовите на некогашниот шеф на државата Де Гол. Вториот круг е на 7-ми мај...

Европските лидери му го честитаа пласманот во вториот круг од претседателските избори во Франција на центристот Емануел Макрон кој на 7-ми мај ќе се соочи со крајната десничарка, Марин Ле Пен.
Поддршка за наредната етапа му изрази преставничката за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која нагласи дека соработката меѓу Макрон и Брисел е иднината на генерацијата.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел и Мартин Шулц, социјалдемократскиот кандидат на парламентарните избори во Германија, потенцираа дека Макрон мора да ја порази ултрадесничарката Ле Пен.
„Овие избори се голема шанса за Европа. Емануел Макрон ќе биде претседател на Франција кој се залага за нов почеток во Европа, кој нема да се задоволи со летаргичност која е понекогаш одлика на Европа. Макрон ќе ги зближи Германија и Франција“, изјави Зигмар Габриел, министер за надворешни работи на Германија.
Од кандидатите, граѓаните очекуваат добра програма.
„Дебатите во предизборието беа фокусирани повеќе на нивните проблеми отколку на програмите. Немавме увид во програмите. Во последен миг ја видов агендата на Фијон и сфатив дека таа повеќе кореспондира со моите очекувања, но не ми пречи ни Макрон, тој е ориентиран повеќе социјадемократски и мене ми е во ред.“
„Макрон е помалото зло. Сега не ги анализирам толку многу кандидатите, туку нивните програми, гласав за Фијон. Во вториот круг не знам кого ќе изберам.“
Во приот круг, Макрон добил 23,82 насто додека Ле Пен 21,58 насто од гласовите. Конзервативниот поранешен премиер Франсоа Фијон доби 19,9, а крајниот ливичар Жан Лук Меланшон 19,5 проценти. По прелиминарните резултати, еврото порасна за 2 насто со оглед на тоа што Макрон изрази силна поддршка за Европската унија и за заедничката валута.
Маја Филдишев
