ЕЛЕМ подготвен за втората фаза од Ветерен парк „Богданци“

24.04.2017 10:30

За втората фаза е неопходна инвестиција од 24 милиони евра, од кои 18 милиони ќе бидат од кредит, а останатите од средства на ЕЛЕМ.

Електрани на Македонија се подготвени за изградба на втората фаза на ветерниот парк во близина на Богданци. Според генералниот директор Мицковски, станува збор за најисплатлива инвестиција, бидејќи проектираното производство било надминато за 25 насто.

За втората фаза е неопходна инвестиција од 24 милиони евра, од кои 18 милиони ќе бидат од кредит, а останатите од средства на АД ЕЛЕМ.

Во ветерниците во Богданци досега се вложени околу 56 милиони евра.