Албанската опозиција ќе го блокира националниот сообраќај
Актуелниот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама, ги повика граѓаните да не и се придружуваат на опозицијата која, како што вели, сака дестабилизација и блокада на патиштата што водат кон правосудството и кон Европската унија.

Обединетата албанска опозиција ќе одржи едочасовен протест со блокирање на националниот сообраќај, што според лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, ќе биде удар против шверцот, криминалот и попречувањето на основните слободи на граѓаните.
Актуелниот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама, ги повика граѓаните да не и се придружуваат на опозицијата која, како што вели, сака дестабилизација и блокада на патиштата што водат кон правосудството и кон Европската унија.
Државната изборна комисија го продолжи рокот за пријавување за изборите закажани на 18-ти јуни, откако опозиицијата одби да учествува.
