Субвенциите ќе бидат исплатени согласно законскиот рок
Платежната агенција до 31-ви мај да ги изготви решенијата за исплаќање субвенции до 2016 и да се достават во треозорот за исплата. За 2015 година веќе се доставени и со отстранување на законските пречки земјоделците ќе ги добијат субвенциите...

50 милиони евра за субвенции на земјоделците ќе бидат исплатени согласно со законскиот рок, посочува ресорниот министер. Платежната агенција ќе ги изготви налозите до 31-ви мај.
Се договоривме Платежната агенција до 31-ви мај да ги изготви решенијата за исплаќање субвенции до 2016 и да се достават во треозорот за исплата. За 2015 година веќе се доставени и со отстранување на законските пречки земјоделците ќе ги добијат субвенциите, рече министерот Цветков, посочувајќи дека за исплата остануваат над 50 милиони евра.
Од Министерството велат дека комисиите за штетите се сеуште на терен и засега е завршена проценката само за измрзнувањето на овошките.
