Одложена расправата во Судскиот совет
24.04.2017 12:56
Митриновски, кој пред неколку години беше разрешен од функцијата, се жалеше во Судот за човекови права во Стразбур и го доби спорот...

Во Судскиот совет се одложи расправата за разрешениот судија и поранешен претседател на скопска Апелација, Јордан Митриновски. Не беше присутен неговиот адвокат.
Митриновски, кој пред неколку години беше разрешен од функцијата, се жалеше во Судот за човекови права во Стразбур и го доби спорот, по што на јавна седница треба да се разгледа дали неговото разрешување било законско.
