Европска премиера на „Дениција“ во Брисел

24.04.2017 13:04

„Дениција“ од Петре М. Андреевски вчеравечер изведена во европската престолнина. За публиката не постоеше јазичната бариера, зборот на Андреевски е збор за борбата за татковина, за Македонија, за она што сме сите ние...

Театарската корео-драма „Дениција“ работена според истоимената поема на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, во Брисел ја имаше својата европска премиера во познатиот театар- кабаре „Л’Ос а Моел“, по што театраската екипа продолжува во Париз и други европски пестолнини.

Во претставата се појавува исклучителна уметничка екипа. Во улога на поетот е првенецот на Драмскиот театар од Скопје, Рубенс Муратовски, кој како што самиот вели особено му е драго што ја има честа да го пренесе зборот на еден од најголемите македонски писатели, Петре М. Андеевски. Јазичната бариера на публиката е лесно надминлива кога станува збор за љубовна приказна, како што е Дениција- рече Муратовски, и додаде дека уметноста е најдобриот амбасадор на нашата држава.

Дениција е најубавата поема која јас сум ја прочитал. Јазичната бариера, нема да имаме титл, но убеден сум дека, како сто е најавена од страна на фестивалот Љубовен Молотов коктел од Македонија, зборот на Петре и емоцијата на актерите кои што играат во преставаат, ќе ја разберат за што станува збор. Моето лично мислење е дека, борбата за татковина, борбата за Македонија, борбата за тоа што сме ние, мора пред сѐ да биде овде во кутурата“, изјави Муратовски.

„Дениција“ е копродукција помеѓу Народниот театар од Охрид и парискиот „Иси е ла“, и претставува авторски сон на Константин Плевнеш, кој е режисер и композитор на оргиналната музика. А заинетересираноста за преставата, беше голема, и имаше одличен прием кај бриселската публика.

Со „Дениција“ се затвора бриселскиот фестивал „Балкан трафик“.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ