Тесна разлика: Макрон и Ле Пен во вториот кург на 7-ми мај
Тесна разлика меѓу двајцата претседателски кандидати за шеф на француската држава Макрон и Ле Пен. Првиот води со 2 насто, а во вториот круг на 7-ми мај, Социјалистите ги повикаа следбениците на Меланшон и Фијон да гласаат за Макрон. За прв пат во последниве триесет години во вториот круг на претседателските избори нема да има претставник на умерената левица и десница...

Ден по изборите, Франција не е изненадена од резултатите, бидејќи од јануари беше најавуван дуелот меѓу Емануел Макрон, канидатот на „Во движење“ и Марин Ле Пен од крајно десниот Национален Фронт.
За вториот круг скоро сите испитувања на јавното мислење го даваат како победник Емануел Макрон наспроти Марин Ле Пен. Но, треба да се знае дека Националниот фронт го достигнува својот наголем изборен успех, освојувајќи рекордни над 6,9 милиони гласови.
Скоро сите девет елиминирани кандидати повикаа да се гласа за Макрон и да им се попречи патот на крајната десница, екстремизмот и националзимот. Освен Филип Путу од Новата антикапиталистичка партија и Жан Лук Меланшон, кој очекува членовите на неговото движење „Бунтовна Франција“ да се изјаснат на кого треба да му дадат поддршка.
Канидатката и претседателката на крајно десниот Национален фронт, Марин Ле Пен ги повика сите гласачи, без оглед за кого гласаа, да и се приклучат за да се создаде „национално единство“.
Оценувајќи дека првиот чекор"беше направен при првиот круг од претседателските избори, кандидатот на Националниот Фронт зборуваше за „историско достигнување“ и „голема одговорност“. Претставувајќи се како „кандидатот на народот“, таа го претстави својот противник во вториот круг, Емануел Mакрон, како наследник на Франсоа Оланд, бранител на „дивата глобализација“.
Емануел Макрон призна дека е свесен за тежината на задачата која престои и одговорноста која ја има кон неговата земја и Европа. Тој сака да биде претседател на патриотите наспроти националистичките закани. Макрон притоа нагласи дека „предизвикот е да се прекине со системот кој беше неспособен да одговори на проблемите од пред триесет години“.
Во вториот круг на претседателските избори нема да бидат присутни на досега најголемите политички партии во ранција, Социјалистите кои се пред распаѓање и Републиканците, кои не успеаа да најдат решение за проблемите на французите.
Победата на Макрон значи реконструкција на француската внатрешна пол со политичка сцена, а второто место на Ле Пен, дека екстремните идеи на нејзината партија се широко проширени во Франција.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Стразбур за МРТ
