Нетанјаху: Не го тестирајте Израел

24.04.2017 14:23

Израел вчера го одбележа Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот кои систематски беа убивани од страна на нацистичка Германија и нејзините соработници во текот на Втората Светска војна.

Израелскиот премиер Нетанијаху им се закани на непријателите на Израел да не ја тестираат силата на неговата држава.

Израел вчера го одбележа Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот кои систематски беа убивани од страна на нацистичка Германија и нејзините соработници во текот на Втората Светска војна.

На главната церемонија во меморијалниот центар Јад Вашем, Нетанијаху ги обвини Иран и Исламската држава дека се обидуваат да го уништат Израел. Вчерашниот ден се смета за еден од најтажните денови во израелскиот календар.