Продолжение на конститутивната седница

24.04.2017 14:27

Ново продолжение на основачката собраниска седница, на која ќе се дискутира за избор на членови и претседател на комисијата за избори и именувања. Главна тема на дискусиите досега беа Тиранската платформа и мирниот трансфер на власта. СДСМ оценува дека не се почитува собранискиот Деловник и дека треба да се премине на избор на претседател на Собранието.

Време е за лидерска средба за да се најде компромис за излез од кризата, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. Собранието не ги блокира процесите во државата, напротив потребна е дебата за излез од кризата и наметнатата пост изборна платформа од СДСМ и албанските партии рекоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Социјал- демократите и нивните коалициски партнери со процедурална забелешка дека се зборува за сѐ, но не и за точката на дневен ред.

Вејсел Мемеди од Алијансата на албанците, пак смета дека ВМРО-ДПМНЕ игра на психолошка карта кај граѓаните и им ја уриваат реалната перцепција за состојбите во земјата.

Седумнаесети ден во Собранието на конститутивна седница се дебатира за изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.

 

Миле Ристески