Одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот

24.04.2017 14:49

Еврејската заендица го одбележува Денот на холокаустот, депортацијата на македонските Евреи во нацистичките логори на смртта. Централната манифестација се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите со палење на шест меморијални свеќи и отворање изложба.

Со палење шест свеќи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот. Како што рекоа од Еврејската заедница, овој ден го одбележуваат во чест на отпорот против злото, на еврејската борба за човеково достинство.

Шест милиони Евреи се убиени во нацистистичките логори на смртта. На овој ден се сеќаваат и на 7.200 Македонски Евреи кои на 11-ти март 1943-та се собрани во скопскиот монопол како привремен логор, а оттаму преку три транспорти со вагони биле однесени во Треблинка- место од кое никој не се вратил.

Комеморацијата ја организираа Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Беше отворена и изложба насловена Холокаустот низ призмата на дестските очи, на која беа прикажани ликовни творби на децата од основните училишта во земјава.

 

Игор Панов