1,5 милиони евра грант од ИПА за обуки на невработени

24.04.2017 15:20

Средства обезбедени од претпристапните фондови на ЕУ, наменети за самовработување или за комерцијален кредит...

Речиси милион ипол евра- нов грант од ИПА фондовите, за зголемување на компетенциите, знаењата и вештините на млади невработени кадри. Преку обуки 1.400 лица до 29 години ќе добијат насоки како да изработат бизнис план со поголеми можности за неповратни средства за самовработување или комерцијален кредит. Досега, скоро пет миоиони евра од Европската унија биле инвестирани за оваа намена. 60- тина насто од обучените добиле вработување,  тврдат од Делегацијата на ЕК во Скопје.

Обуките ќе се спроведуваат во едукативни центри, ќе се собираат искуства од работодавачи. Ќе траат три месеци. За да се реши проблемот со соодветен профил на кадри потребни на пазарот на труд, младите мора да добијаат соодветна слика од компаниите- апелираат надлежните.

Ако продолжи, политичката криза може да ја врати земјата назад во однос на пристапот на Унијата и да ги скастри парите од Европските фондови, предупредуваат од Делегацијата на Европската комисија во Скопје, со надеж дека тоа нема да се случи.

 

Сузана Фиданска- Стоевска