Одбележани 25 години од основањето на „Меѓаши“
Првата детска амбасада „Меѓаши“ одбележа 25 години од основањето. Во неколкуте кризни периоди во земјава, амбасадата секогаш беше на страната на децата.

Заедничко родителство по развод е предзвикот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ по две и пол децениското постоење. Велат, од недоволно поминатото време со децата, подоцна произлегуваат многу проблеми.
За повреда на право на дете на СОС линијата имало над 21 илјада повици во изминативе 25 години. Последните 3-4 години најчести проблеми за кои се бара совет и помош се сиромаштијата, бракоразводните постапки, не вклученоста на децата во обвразованието и врсничкото насилство.
Амбасадорот на „Меѓаши“, Коле Ангеловски вели, војните на просторите на поранешна Југославија, подоцна војната на Косово, кризата во Македонија 2001 беа тест за хуманост на кој достојно одговоривме.
Обезбедување помош за децата бегалци од Сирија е она на кое во моментот работи Детската амбасада заедно со невладината ЛЕГИС.
Наташа Јанчиќ
