По 17 години, во Арканзас егзекутирани двајца затвореници во ист ден

25.04.2017 10:26

Претходно беа закажани егзекуции на осуммина затвореници во период од 11 дена поради истекот на рокот на седативот кој се користи за усмртување на осудениците.

По 17 години, американската сојузна држава Арканзас спроведе двојна егзекуција на затвореници во ист ден. Џек Џоунс и Марсел Вилијамс, кои беа осудени за силување и убиство во 90-те години на минатиот век, беа погубени со  смртоносна инјекција, откако Врховниот суд ги отфрли нивните последни обиди за жалба.

Претходно беа закажани егзекуции на осуммина затвореници во период од 11 дена поради истекот на рокот на седативот кој се користи за усмртување на осудениците.

Во четвртокот, Ледел Ли беше првиот погубен затвореник во Арканзас од 2005 година.