Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести

25.04.2017 11:44

Своите позиции овие два дена им ги соопштуваат на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Вчера беа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе одат кај Социјал- демократите.

Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се бараат нови парламентарни избори на кои избирачите ќе добијат шанса да кажат што мислат за Тиранската платформа.

Своите позиции овие два дена им ги соопштуваат на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Вчера беа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе одат кај Социјал- демократите.

Од иницијативата „За заедничка Македонија“ сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.

Од иницијативата најавија дека идните чекори ќе ги соопштуваат ден по ден.