ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ја отфрли Тиранската платформа и да прифати нови парламентарни избори
Заев молчи и пред изјавите на Села за непостоењето на македонската нација, непризнавањето на државното знаме и химна и дека истите сака да ги смени. Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев не ги осуди ниту изјавите за бркање од работа на Македонците од Струга и Гостивар.

Заев со својата сервилна и антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистички изливи во регионот и затоа не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од творците на Тиранската платформа, Еди Рама и Дитмир Бушати, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Велат, Заев молчи и пред изјавите на Села за непостоењето на македонската нација, непризнавањето на државното знаме и химна и дека истите сака да ги смени.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев не ги осуди ниту изјавите за бркање од работа на Македонците од Струга и Гостивар.
ВМРО-ДПМНЕ апелира врвот на СДСМ веднаш да ја отфрли Тиранската платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за Тиранската платформа.
