СДСМ: Врвен државен интерес е мирен трансфер на власта
Бидејки блокадата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поттикнувањето етнички провокации од страна на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ оди во прилог на хаос во државата, порачуваме дека институциите, политички партии и секој поединец се должни да се спротивстават ...

Фунционирањето на државниот систем, егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата никој не смее да ги доведе во прашање, велат од СДСМ.
Бидејки блокадата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поттикнувањето етнички провокации од страна на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ оди во прилог на хаос во државата, порачуваме дека институциите, политички партии и секој поединец се должни да се спротивстават и да дадат придонес кон нормализација на состојбите, стои во денешното соопштение од партијата.
Според СДСМ, врвен државен интерес на Македонија во овој момент е мирен трансфер на власта. Мора брзо да се одблокираат демократските процеси со тоа што ќе се избере нов собраниски претседател, а потоа и нова реформска влада.
