Земјоделците на протест поради неисплатени субвенции

25.04.2017 14:56

Земјоделци попладнево на протест пред ресорното министерството. Побараа средба со министрите за финансии Кирил Миноски, за земјоделство Михаил Цветков, како и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков. Велат, ако не ги добијат субвенциите ќе го блокираат главниот град. Надлежните деновиве рекоа дека проблемот со исплатата не е во парите, туку во Изборниот законик...

Протест на земјоделците поради неисплатени субвенции. Оние од скопскиот регион излегоа пред Министерство за земјоделство.

Земјоделците бараат средба со ресорните министри за земјоделство и за финансии за да се најде решение. Велат, ако не се исполнат бараањата ќе го блокираат главниот град со трактори, стока и механизација.

Вчера ресорниот министер изјави дека се бара начин за исплата на субвенциите. Причината, рече Цветков, дека не е недостигот на пари, туку колизијата на законите за избори и за земјоделство и рурален развој.

Земјоделците ги бараат заостанатите субвенции за 2016-та и 2015-та година во износ од над 50 милиони евра.

Дијана Ценевска