Промовиран романот „Македонка“ од Ханс Ерке

25.04.2017 15:15

Романот „Македонка“ е книга за Првата Светска воја во која се опишани животот и страдањата на германските војници кои од Западниот фронт во август 1916-та година, се упатуваат да војуваат на Фронтот во Македонија и заедно со македонскиот народ и другите народи во Македонија ги споделуваат ужасите на војната, но ги чувствуваат и првите благодати на мирот во 1918-та година.

Комплексни се човечките приказни во времето од Првата Свестска војна особено на пробивањето на линијата на Македонскиот фронт во периодот меѓу 1916 и 1918 година. Силата на емоциите, победата на љубовта над омразата, вљубувањето во Македонката е централната инспирација на Ханс Ерке, авторот учесник во германските воени единици во премрежјето на големата војна. И по еден век, неговиот запис „Македонка“ останал да се препрочитува од авторот, инаку поранешен ректор на универзитетот во Кил. Секоја војна завршува на зелената маса, а за тоа пример е и Македонија, доказ на Германско- француското помирување.

Авторот во делото ја опишува нереализираната љубовна симпатија кон младата медицинска сестра од Македонскиот Црвен крст. За „Македонка“ е заслужен Воениот музеј. Тоа е роман што ја одразува Македонско- германската воена соработка.

Македонските граници и градови, македонските селани и селанки, Македонците и Македонките кои горделиво го играат народното оро и ги пејат македонските народни песни биле дел од затишјето на секоја воена авантура што авторот Ерке ја забележал на Македонскиот фронт во Првата Светска војна.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска