Собрание: 18-ти ден расправа за избор на Комисијата за избори и именувања

25.04.2017 15:22

Ново продолжение на конститутивната собраниска седница на која се расправа по предлогот за избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да одговори што конкретно содржи Тиранската платформа. Во дел од процедуралните забелешки и неделниот референдум во Гевгелија.

ВМРО-ДПМНЕ не прави блокада на Собранието, напротив води дискусија за предизвиците и последиците од Тиранската платформа, истакнаа од говорницата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат на ставот дека пост- изборната платформа е подметнување во која една етничка заедница се фаворизира наспроти останатите.

Социјал- демократите со процедурална забелешка констатираа дека политичката криза и дебатата во Собранието го блокираaт нормалното функционирање на државата.

Пратеници од албанскиот блок партии, со психолошки анализи како кризата и кажаното во Собранието влијае на народот. До ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ апелираа да се надминат себе си и да се деблокира Собранието.

Собраниската дебата продолжува.

 

Миле Ристески