Метео: Утре сончево и топло, температура до 25 степени
25.04.2017 15:24
Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во Скопје утре до 24 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во Скопје утре до 24 степени.
Овие временски услови ќе продолжат и во наредните денови се до викендот кога се очекува промена на времето.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
