Хојт Ји в понеделник во Mакедонија

26.04.2017 10:14

Како што соопштија од Aмериканската амбасада, за време на посетата ќе разговара со политичките лидери за надминување на кризата во земјава, како и за неопходните реформи за евроатлантски интеграции.

Заменик помошникот државен секретар на американскиот Стејт Департмент за Eвропа и Eвроазија, Хојт Ји в понеделник доаѓа во Mакедонија.

Како што соопштија од Aмериканската амбасада, за време на посетата ќе разговара со политичките лидери за надминување на кризата во земјава, како и за неопходните реформи за евроатлантски интеграции.

За време на мартовската посета на Загреб, Ји побара што поскорешно формирање влада за да може да почне предпристапниот процес за приклучување кон ЕУ.