Првите делови од американскиот противракетен штит стигнаа во Јужна Кореја
26.04.2017 10:20
Вашингтон и Сеул најавуваа дека системот ќе почне да се поставува на 7 март поради опасноста од севернокорејските балистички ракети кои режимот во Пјонгјанг продолжува да ги доусовршува и покрај меѓународните санкции.

Камионите со првите делови од американскиот противракетен штит ТХААД стигнаа во Јужна Кореја.
Вашингтон и Сеул најавуваа дека системот ќе почне да се поставува на 7 март поради опасноста од севернокорејските балистички ракети кои режимот во Пјонгјанг продолжува да ги доусовршува и покрај меѓународните санкции.
Кина се спротивставува зашто ќе бидат ограничени нејзините ракетни капацитети. По последните проби од Пјонгјанг, Вашингтон испрати носач на авиони и воздушно-поморска група кон корејскиот полуостров.
