Нова американска инвестиција во Кривогаштани

26.04.2017 10:46

Станува збор за браунфилд вложување, инвеститорите ја прибавуваат неопходната документација, опремата е набавена и најдоцна за два месеца ќе почне производството.

Нова американска инвестиција од медицинската индустрија и 300 работни места, ќе биде отворена во Кривогаштани. Станува збор за браунфилд вложување, инвеститорите ја прибавуваат неопходната документација, опремата е набавена и најдоцна за два месеца  ќе почне производството.

Веќе е донесена одлука, купена е опрема за отворање на нова фабрика во делот на медицинската индустрија. Се работи за американска инвестиција коишто веќе изнајдоа објект, го реновираат и адаптираат, ги набавуваат потребните дозволи и очекувањата се дека најдоцна за два месеца, а можеби и порано, ќе започне со работа. Ќе вработат околу 300 луѓе, изјави вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Неодамна исто така беше најавена инвестиција во Желино со потенцијални 350 вработувања и уште една во Скопје, во поранешната фабрика ОХИС со 200 вработувања.