Пропадна мисијата на Мекалистер и Фленкенштајн за политичката криза во Албанија
26.04.2017 10:48
Во Тирана донесоа документ, подготвен од американската амбасада, мисијата на ЕУ и на ОБСЕ во Албанија, во кој се наведени прашања за подобрување на изборните стандарди, но не и барањето за техничка влада.

Европските пратеници Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер не ги убедија власта и опозицијата во Албанија да ги надминат несогласувањата преку дијалог.
Во Тирана донесоа документ, подготвен од американската амбасада, мисијата на ЕУ и на ОБСЕ во Албанија, во кој се наведени прашања за подобрување на изборните стандарди, но не и барањето за техничка влада.
Европратениците предложиле и одлагање на парламентарните избори, како и измени во владиниот кабинет со поставување технички министри.
