Ердоган: Турција може да ја преиспита својата позиција за членство во ЕУ

26.04.2017 11:17

Ердоган предупреди дека Анкара може да ја преиспита својата позиција за приклучувањето кон Европската Унија поради предолгиот период на чекање и влошените односи со некои држави од заедницата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Анкара може да ја преиспита својата позиција за приклучувањето кон Европската Унија поради предолгиот период на чекање и влошените односи со некои држави од заедницата.

„Доколку тие не постапуваат искрено, ние треба да најдеме излез. Зошто да инсистираме уште долго? Зборувам за 54 години. Велика Британија ги праша своите граѓани и тие гласаа за Брегзит. Тие имаат душевен мир, одат кон нова иднина, истото го направи и Норвешка. Истото може да се примени и за Турција“, изајви Ердоган.

Ердоган прогнозира распаѓање на Унијата зашто и француските ултрадесничари најавуваат излез.