Новиот директор на американската Тајна служба е поранешен маринец
Рендолф Алес е новиот директор на американската Тајна служба. Функцијата ја наследи од Џозеф Кленси кој му остава недовршени прашања околу безбедноста и персоналот.

Пензионираниот генерал-мајор на маринците Рендолф Алес е новиот директор на американската Тајна служба. Функцијата ја наследи од Џозеф Кленси кој му остава недовршени прашања околу безбедноста и персоналот.
Минатиот месец еден маж ја прескокна оградата пред Белата куќа и остана 15 минути внатре. Проблемите на Агенцијата излегоа на виделина и по скандалот со проституција на јужноамериканскиот самит за време на администрацијата на Барак Обама.
Група од поранешни владини претставници која правеше увид во Тајната служба во 2014 година, предложи да ја води човек однадвор зашто, според нив, агенцијата не била доволно заинтересирана.
