Две лица загинаа по судар на бродови во Хрватска

26.04.2017 12:02

Службениот брод бил анагажиран во акција за итен медицински транспорт кон островот Мљет, а во чамецот се превезувале деветмина угостителски работници ...

Две лица загинаа, а по пет се трага, откако се судрија службен брод на Пристанишната капетанија Дубровник и гумен чамец. Спасени се две лица со полесни телесни повреди.

Службениот брод бил анагажиран во акција за итен медицински транспорт кон островот Мљет, а во чамецот се превезувале деветмина угостителски работници со хрватско државјанство.