Полесен пристап до финансии за жените во бизнисот
Во 30 насто од вкупно регистрираните претпријатија во земјава, сопственички се жени. 99 проценти од нив се микро и мали. Програмата на Швајцарската агениција за развој и соработка предвидува создавање работни места за невработените жени во земјава.

Компании раководени од жени- претприемачи ќе можат да го олеснат пристапот до финансии и да ги зголемат продуктивноста, конкурентноста и квалитетот на своите бизниси преку програмата за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка. Дел од претпримачките веќе ги искористиле бенефитите.
Оваа програма помага во креирање работни места и во зголемување на приходите на невработените и недоволно ангажираните жени во Македонија.
Од вкупно регистрираните претпријатија во земјава, во 30 проценти сопственички се жени. 99 проценти од нив се микро и мали.
Наташа Јанчиќ
