Наместо на суд, со медијатор за четири часа решение на деловен спор

26.04.2017 15:03

Наместо на суд, стопанствениците сѐ почесто деловниот спор го решаваат пред медијатор. Искуствата покажуваат дека помалите фирми повеќе ја практикуваат медијацијата, бидејќи е доброволна основа и без публицитет, и не се нарушуваат бизнис односите. Посредувањето се однесува на зделки до милион евра.

Наместо на суд, за само четири часа без никакви трошоци, сѐ поголем број компании ги решаваат деловните спорови до еден милион денари. Бизнисмените од помалите фирми повеќе го практикуваат процесот на медијација на доброволна основа, без публицитет и нарушување на бизнис односите да дојдат до прифаливо решение.

Во државава има 20-тина лиценцирани медијатори, постапките најчесто се применуваат за имотно-правни спорови, трговски, потрошувачки осигурителни или дискиминација.

Медијацијата е законска обврска. Според надлежните двете страни се еднакви, се базира на правичност, доверливост, неутралност. Сепак бизнис еснафот во државава се уште со резерва гледа кон оваа форма на договарање и решавање на деловните проблеми. Во Хрватска свеста за медијација меѓу правните субјекти е на високо ниво, повеќе од две третини од медијаторските спорови имаа позитивен исход.

„Во медијацијата нема што да се изгуби, може само да се добие. Во 75 проценти од сите постапки на медијадорско решение, странките во процесот излегоа здоволни, додека во судските постапки ниту една од страните, од самите компании најчесто не се задоволни од исходот на процесот. Затоа фирмите треба да размислуваат да одат во насока на решавање на спровиво во свои раце, сами да го решаваат спорот, а за тоа да им помогне исксутвото на медијатор, кој дава насоки како компромисно да се надминат проблемит“, вели Стипе Шола, претседател на Центарот за медијација- Загреб.

Размена на искуства на меѓународно ниво, експерти, медијатори институции ги афирмираат и промовираа активностите и бенефитот од постапките пред компаниите. Медијацијата е најзастапена во Холандија, најдолг стаж има во САД.

 

Сузана Фиданска- Стоевска