СДСМ: Иванов нема мандат да ја демолира државата
26.04.2017 15:06
Од партијата сметаат дека со негирањето на новата власт избрана од граѓаните, и со блокада на демократските процеси, Иванов директно ги загрозува државните и националните интереси.

Иванов нема мандат да ја демолира државата за интересите на Груевски- реагираат од СДСМ. Од партијата сметаат дека со негирањето на новата власт избрана од граѓаните, и со блокада на демократските процеси, Иванов директно ги загрозува државните и националните интереси.
700 илјади граѓани гласаа за демократска, слободна, економски напредна и европска Македонија. Ниту Иванов, ниту Груевски нема да ја спречат демократската волја на гараѓаните. Ќе има одговорност- велат од СДСМ.
