Попоски: Политичката криза треба да се решава во институциите на системот

26.04.2017 15:10

Политичката криза треба да се решава во институциите на системот за да може да има законска основа- изјави вицепремиерот и министер за надворешни Никола Попоски во Брисел кој учествува на меѓународната конференција посветена на жртвите од холокаустот во Европскиот парламент.

Никој од надвор нема право да одлучува дали и кога ќе се одржат парламентарни избори во Република Македонија. За тоа прашање одлучува македонското Собрание, односно единствено граѓаните на Република Македонија имаат право да дадат мандат за таква одлука- дециден е министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Токму затоа ова не било тема на денешните билатерални средби со европските паралментарци во Брисел.

„Не мислам дека решението за тоа кои избори кога ќе се случуваат треба да го носи некој однадвор, тоа е решение кое треба да го донесеме во Република Македонија и единствениот нацин на кој можеме да се договориме е низ демократските институции“, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Поддршка за европската перспектива на нашата држава преку една повидлива траекторија како одпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ е главната порака на европските парламентарци во дијалогот на средбите со шефот на македонската дипломатија, со претставниците на Европскиот паралмент, Маријана Петир, Кнут Фленкештајн и известувачите за нашата држава.

„Во овој дел, надминувањето на политчката криза мора да произлезе од дијалог низ демокраски процес во Република Македонија, но мора да биде придружена со една јасна визија за тоа дека нашата визија за европската иднина, недвосмислено ќе се случат во догледно време. Без таква порака мислам дека и надминувањето на политичката криза ќе биде многу покомплицирно“, рече Попоски.

Тоа претставува и непоходна потреба на Република Македонја во надминување на долгорочната политичка криза во која се наоѓа земјата, бидејќи нереализирањето на многубројните препораки од европските институции е извор на фрустрации кај граѓаните- беше констатирано на билатералните состаноци.

Во средината на мај, Европскиот парламент, ќе ја усвои резолуцијата за Република Македонија, и се очекува да ја донесат 10-тата јубилејна препорака за одпочнување на преговри за членство на Република Македонија во Европската унија.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописик од Брисел за МРТ