Во Франција уапсени 10 лица за поврзаност со нападот врз „Шарли Ебдо“

26.04.2017 15:16

Цел на истрагата биле луѓе вмешани во снабдувањето со оружје на Амеди Кулибали, кој во продавница уби четири лица, а потоа и жена- полицаец во одвоен инцидент.

10 лица се уапсени во истрагата по осомничените кои со оружје го снабдиле едниот од тројцата напаѓачи врз редакцијата на хумористичниот весник „Шарли Ебдо“ од 2015 година кога во Париз беа убиени 17 лица.

Цел на истрагата биле луѓе вмешани во снабдувањето со оружје на Амеди Кулибали, кој во продавница уби четири лица, а потоа и жена- полицаец во одвоен инцидент.

Тој беше ликвидиран во престрелката со полицијата, како и браќата Шериф и Саид Куаши, кои во нападот во редакцијата на „Шарли Ебдо“ убија 12 лица.