Инфраструктурна обнова на Вардарскиот регион
Инфраструктурна обнова се случува во Вардарскиот плански регион. Во тек се градежни работи на патни правци кои поврзуваат неколку населени места...

Инфраструктурна обнова се случува во Вардарскиот плански регион. Во тек се градежни работи на патни правци кои поврзуваат неколку населени места. Во Неготинско се проширува и асфалтира патот кој селото Тимјаник го поврзува со Долни Дисан.
„Јавното претпријатие спроведувајки ги владините проекти годинава се предвидува градба на уште два локални правци со вкупна инвестиција од околу 47 милиони денари“, рече Љупчо Георгиевски, директор на ЈП Агенција за државни патишта.
Покрај асфалтен пат селото Долни Дисан добива и нов лик,се гради канализација и плоштад со мултинаменска функција.
„Тоа е проект кој чини седум милиони и седумстотини илјади денари и Долни Дисан ќе добие урбана слика и место каде жителите ќе може да го поминуваат слободното време“, вели Ванчо Апостолов, градоначалник на Неготино.
Кога општината има добар проект за развој на туризмот, поголеми се шансите централната власт да помага во обезбедувањето пари за подобрување или изградба на инфраструктурата.Таков е случајот со општина Чашка. За првпат по 25 години се гради пат кој поврзува неколку села со месноста Азот.
„Токму тоа и треба на секоја рурална општина.Само со средстав од Агенцијата и Министерството за транспорт и врски ние можеме да средуваме проблематичните места“, рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.
На овој начин покрај подобрени услови за живот на населението се зголемува можноста и за развој на планинскиот туризам. Според владината програма за оваа 2014 годинa во државата планирано е изградба на 75 локални патишта.
Дијана Иванова
