Регионални стопански комори: Политичката криза побрзо да се реши

26.04.2017 15:50

Политичката криза ги генерира проблемите и во Прилепско- кавадаречкото стопанство. Компаниите од двата региона на заедничка средба и заклучоци што побрзо да се реши политичката криза. Голем проблем е ликвидноста на фирмите, а клучни за равојот на овие региони се инфраструктурата и гасоводот...

Побрзо да се реши политичката криза за стопанството да ги врати нормалните текови, побараа компаниите од Прилепско- кавадаречкиот регион, кои ги чувствуваат поседиците од кризата. Посебно за домашниот пазар, каде паѓа потрошувачката. А неликвидноста особено ги мачи компаниите.

Клучни за равојот на двата стиопански региони, сметаат бизнисмените, а и локалните самоуправи, се инфраструктурата и гасоводот што треба да им ги намали трошоците на стопанствениците.

Се гради експресниот пат Прилеп-Градско, а изградбата на гасоводот се приближува кон Прилеп. Во Кавадарци големите капацитети се подготвуваат да се приклучат.

Општините работат и на заеднички проекти за прекугранична соработка.

 

Елизабета Митревска