Историска даночна реформа во САД

27.04.2017 11:59

Историската даночна реформа на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува најголемо намалување на даноците за Американците, корпорациите, малите и средните бизниси.

Со даночната реформа на американскиот претседател Доналд Трамп се намалуваат даноците на 15 проценти за корпорациите и малите и средни семејни бизниси. Даночната реформа предвидува намалување на персоналните даноци за Американците и поедноставно пријавувањето на даноците.  

„Оваа администрација ја потцртува визијата на претседателот за даночна реформа, што вклучува најголеми даночни кратења за бизнисите и индивидуите во американската историја“, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс, американски потпретседател.

„Администрацијата ги потцрта принципите за даночна реформа за раст, што е критичен чекор напред во овие напори. Даночна реформа за раст значи помали даноци, едноставно пријавување и даночна администрација што ќе им служи само на даночните обврзници. Ќе продолжиме да работиме да го исполниме ветувањето за укинување и замена на Обамакеир, за да ги намалиме трошоците и да создадеме повеќе избори за семејствата“, изјави Пол Рајанспикер на Конгрес.

Во историски досега најголемата даночна реформа се намалуваат даноците за грижа за децата, и еднократно оданочување на профитите на американските компании во странство. Трамп потпиша наредба за ревизија на прогласувањето на природните споменици во САД донесени од претходните тројца претседатели.

Во петок Конгресот треба да го усвои буџетот за идната година што ќе биде најголемиот тест за американскиот претседател Доналд Трамп во неговите први 100 дена од мандатот. Доколку буџетот не биде усвоен се заканува блокирање на државните институции.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ