Мекејн: Никому не му е во интерес да дојде до распад на Македонија
Коментрајќи ја ситуацијата на Балканот, оценува дека по огромниот напредок по конфликтот во 1990-те, сега повторно растат тензиите и нестабилноста во регионот, а пример за тоа, како што наведува, е кризата во Македонија.

Потребен е многу поголем ангажман и посредување во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија. Никому не му е во интерес да дојде до распад на Македонија, истакнува претседавачот на комитетот за вооружените сили во Сенатот на САД, Џон Мекејн во интервју за српската редакција на Гласот на Америка.
Коментрајќи ја ситуацијата на Балканот, оценува дека по огромниот напредок по конфликтот во 1990-те, сега повторно растат тензиите и нестабилноста во регионот, а пример за тоа, како што наведува, е кризата во Македонија.
Сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн вели дека тоа е тоа е резултат на изостанувањето на американското и европското лидерство на Балканот.
