Врховниот суд ја одложи расправата за прислушуваните материјали
Според претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, апсурдно е тоа што Специјалното јавно обвинителство побара да се повлече поднесеното барање за заштита на законитоста на Јавното обвинителство.

Врховниот суд на денешната седница не гласаше за прислушуваните материјали, со што оваа точка се одложи на неопределено време. Според претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, апсурдно е тоа што Специјалното јавно обвинителство побара да се повлече поднесеното барање за заштита на законитоста на Јавното обвинителство.
На општа седница за таканаречените „бомби“, ќе бидат повикани експерти, со цел судиите ја проучат европската судска пракса.
По предметот за случајот со Сеад Кочан, пак, од Судот соопштија дека судијката Лидија Неделкова е изземена и дека ќе одлучува нов судски состав.
