Заев побара да се гласа за претседател, ВМРО-ДПМНЕ му порача да не се обидува на направи државен удар
„Мнозинството ќе избере претседател на Собранието во оваа или друга сала, во ходник, на Правниот факултет или во МАНУ“- рече Зоран Заев од собраниската говорница. ВМРО-ДПМНЕ му порача да не се обидува да направи државен удар и на пратениците да им го одземе правото на говор.

20-то продолжение на конститутивната седница. „Мнозинството ќе избере претседател на Собранието во оваа или друга сала, во ходник, на Правниот факултет или во МАНУ“- рече Зоран Заев од собраниската говорница. ВМРО-ДПМНЕ му порача да не се обидува да направи државен удар и на пратениците да им го одземе правото на говор.
Ова мнозинство овде има право и обврска да избере претседател на Собранието од своите редови и за тоа ќе носи одлука. Ќе носи одлука во оваа сала, ќе носи одлука во некоја од другите сали во Собранието, во ходникот, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, ќе носи одлуки, посочи Заев.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се до Заев го замоли да не се обидува да го одземе основното право на пратениците на говор, затоа што тоа значи одземање на говорот на народот кој гласа.
Тој порача да не се обидуваат да направат државен удар и да не мислите дека избор на претседател надвор од процедурите е нешто што ќе напрви добро за оваа држава.
