Промовирана Мрежата за медиумска писменост
Поддршка за формирање на мрежата даде и евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар, кој посочи дека овој проект е значаен за развојот на здрава демократија и за медиумските слободи.

Медиумската писменост е многу важна да се развијат и применат вештини за критичко размислување и да се осознае како медиумските пораки влијаат врз општеството и ја вообличувааат нашата култура. Ова се само дел од целите кои треба да остварат со формирањето на Мрежата за медиумската писменост.
Во неа, покрај Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се вклучени и Министерствата за образование и труд и социјална политика, 18 невладини организации и осум радио и телевизиски станици. Како што рече директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, медиумите треба да се залагаат за презентација на различни гледишта за сите општествени прашања и за одговорност за содржините кои се пласираат во етерот.
Поддршка за формирање на мрежата даде и евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар, кој посочи дека овој проект е значаен за развојот на здрава демократија и за медиумските слободи.
Од Агенцијата за медиуми додадоа дека во рамките на проектот за медиумска писменост најпрво ќе се едуцираат учениците во основните училишта. Ќе им се прикажуваат анимирани филмови на оваа тема, откако ќе биде добиена согласност од Бирото за развој на образованието.
Игор Панов
