Нотарите не ги сакаат адвокатите во постапките

27.04.2017 15:09

Нотарите не ги сакаат адвокатите во постапките. Експертите тврдат дека ниту институциите не го поддржуваат новото законско решение за нотаријатот. Постапките, велат се поскапи, па дури ни адвокатите не се среќни поради таквото решение.

Нотарите не ги сакаат адвокатите во постапките- првиот човек на комората Васил Кузманоски со став дека законските измени не само што ги усложнуваат постапките, туку се поскапи и за граѓаните и за институциите. Во своите барања комората е поддржана и од Меѓународната комисија за нотарска соработка. Од таму, тврдат дека многу институции, меѓу кои Стопанската комора, веќе писмено се обратиле до нив укажувајќи дека не се согласуваат со измените, и дека и самите адвокати не се исклучок од ваквите барања.

Претходно претседателот на Адвокатската Комора Никола Додевски неколкупати изјави дека се неосновани тврдењата оти адвокатстаката награда го отежнува работењето на стопанските субјекти. Тој, пак, тврди дека нотарите нудејќи пакет услуги, односно готов договор, со печат и за мали суми го опструрираат работењето на адвокатите и најави постапки против нив.

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски во чие време беше донесен Законот за нотаријатот се осврна на податоците за сработеното во минатите 10 години, период во кој нотарите сработиле 14 милиони предмети. Судовите значително се растовариле, такашто од 900 илјади нерешени предмети во 2006-та, сега во судовите има само 130 илјади.

Со законските измени кои стапија на сила од 2017-та за секој оставински или купопродажен предмет во кој се работи за вредност над 10 илјади евра, мора да биде вклучен и адвокат, затоа нотарите бараат да се вратат решенијата од Законот од 2007 година.

 

Фиљана Кока