Бизнисот бара подобри патишта
Клучно барање на бизнисмените од Македонија и Албанија за зголемување на трговската размена долго време позиционирана на околу 110 милиони долари...
Да се подобри патната инфраструктура и деловната соработка наместо на индивидуални контакти да се базира на заеднички проекти и настап на трети пазари. Клучно барање на бизнисмените од Македонија и Албанија за зголемување на трговската размена долго време позиционирана на околу 110 милиони долари.
„Иако моментно не можеме да се пофалиме со голема надворешна трговска размена, може да се пофалиме со заеднички проекти и учество на трети пазари“, вели Јелисавета Георгиева – директор на Стопанската комора на Македонија.
„Нашата заедничка молба до двете влади е да инвестираат во изградба на Коридорот 8 што ги поврзува двете земји“, нагласува Николин Јаки од Стопанска комора на Албанија.
Двете влади да направат заедничка стратегија и инфраструктура за да се подобрат бројките во трговската размена. Да се инвестира во Коридорот 8 за поврзување на Македонија со Драч – порачуваат Коморите од двете земји.
„Сметаме дека недостига стратешка програма за вклучување на сите и политичките ие кономските чинители“ е ставот на Мендерес Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Најголема соработка мегу двете земји досега се остварува во металопреработувачкиот сектор и градежништвото, има потенцијал за раст, но можностите не се искористени доволно, оценуваат бизнисмените.
„Досега искуствата говорат дека соработката се одвива на индивидуални контакти што е толку капацитетот, но ние како здруженија како комори ке се активираме за интензивирање, нагласува Митко Алексов“, Извршен директор на ССК.
„Сега ние ќе притискаме и ние ќе се ангажираме. Ддојде време за да се зајакне соработката и зголеми трговската размена“, вели Илир Жила од Сојузот на стопански комори на Албанија.
Соработката мегу Македонија и Албанија се одвива според ЦЕФТА договорот за слободна размена на стоки и услуги и со години е далеку под можностите со години позиционирана на околу 100 милиони долари.
Сузана Фиданска Стоевска
