Федерација на фармери: Побрза проценка и исплата на штетите
Фармерите очекуваат да почне и исплатата на субвенциите.

Федерацијата на фармери апелира до надлежните институции, навреме да ја завршат проценката на штетите од пролетните мразеви, и што поскоро да се обесштетат земјоделските производители. Фармерите очекуваат да почне и исплатата на субвенциите.
Апелираме до комисиите да излезат на лице место и да направат проценка на штетите и во најбрз можен рок да се изнајде начин да се изврши целосна, навремена и реална исплата на парите кои ги очекуваат земјоделците, посочи претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов.
Федерацијата на фармери апелира до институциите на системот и до Владата, да смогнат сили и да изнајдат соодветни решенија да се исплатат субвенциите за да можат земјоделците и фармерите да планираат што и на кој начин ќе засадат за наредната година.
