Олимпијада
Дамјановски ќе стартува во спринтот
10.02.2014 18:07
Дамјановски ќе стартува како последен во 11 часот и 46 минути по македонско време...

Дарко Дамјановски е првиот од тројцата македонски спортисти во Сочи, кој ќе зачекори на натпреварувачкиот олимписки полигон.
Неговиот прв настап ќе биде утре на 11 февруари во квалификациите во поединечниот спринт на 1500 метри.
За оваа дисциплина на скијачкото трчање се пријавени 86 натпреварувачи.
Дамјановски ќе стартува како последен во 11 часот и 46 минути по македонско време. Ова ќе биде трета негова трка на Олимписките игри.
Во Торино во 2006-та година беше 84-ти на 15 километри класичен стил, а пред четири години во Ванкувер 85-ти на 15 километри слободно.
