Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

27.04.2017 17:13

Се одржуваат нови протести во Скопје и во други градови. Главното барање е повторно да се организираат парламентарни избори...

„Зоран Заев да не помислува да оди против народот, против Деловникот и Уставот, бидејќи народот ќе зборува многу погласно отколку сега“ – предупреди попладнево иницијативата „За заедничка Македонија“.

Се одржуваат нови протести во Скопје и во други градови. Главното барање е повторно да се организираат парламентарни избори, на кои избирачите ќе можат да го кажат своето размислување за Тиранската платформа, за која од оваа иницијатива, сметаат дека претставува документ што постизборно им е подметнат на граѓаните.