Сочи 2014

Потерата за Фуркад, златото за Франција

10.02.2014 18:09

Уште еднаш одекнаа истрелите во Лаура бијатлон центарот во Олимписко Сочи...

Уште еднаш одекнаа истрелите во Лаура бијатлон центарот во Олимписко Сочи, но денеска во прекрасната квечерина прецизни беа оние на лидерот во поредокот во светскиот куп.

Мартин Фуркад киксна во спринтот на 10, но беше фантастичен во потерата на 12,5 километри и го освои својот втор Олимписки медал, прв златен по среброто во Ванкувер пред 4 години.

Најголемиот, Бјорндален беше прв на стартот по спринт победата, но не го издржа притисокот во битката за 13-от историски Олимписки медал, имаше дури 3 промашувања, што на најубав начин го искористија чехот Ондреј Моравец кој без промашување стигна 2 на целта и до својот прв олимписки медал, како и французинот Жан Гилиам Беатрикс кој и покрај дополнителните 150 метри, своето Олимписко деби го крунуса со бронзен медал.

Од фаворитите одново потфрли Свендсен кој трката ја заврши на 7-то место со повеќе од 40 секунди зад победникот. Утре бијатлонските возбудувања во Сочи  ќе продолжат со потерата во женска конкуренција на патеката од 10 километри.