Собранието испразнето, во протестите повредени 42 лица

27.04.2017 23:36

Пред Собранието и натаму се собрани граѓани, но состојбата е мирна.

Полицијата вечерва ја испразни собраниската зграда. Светлата во законодавниот дом се изгаснати. Пред сите влезови има припадници на полицијата, а околу Собранието се поставени метални барикади. 

МВР соопшти дека се врши проверка на работните простории во Парламентот за евентуално останати лица на кои им е потребна медицинска помош, како и утврдување на бројот на повредени примени во болниците и за нивната здравствена состојба. 

Вкупно 42 повредени лица во Собранието, меѓу кои тројца полицајци и обезбедување, се примени вечерва на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Четворица од нив се задржани на натамошно лекување.  

Пред Собранието и натаму се собрани граѓани, но состојбата е мирна. Поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ најавија дека ќе останат пред Собранието, како што велат, додека не се разреши состојбата.