Амбасадата на САД повика на смиреност и воздржување од насилство
Мнозинството од пратениците го избраа Талат Џафери за претседател на Парламентот за време на регуларна, продолжена сесија на Собранието посведочено од јавноста и медиумите. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата во интерес на Македонија, се вели во соопштението од Амбасадата на САД.

Американската амбасада во Македонија вечерва преку соопштение објавено на нејзината фејсбук страница ги осуди денешните случувања во македонското Собрание и повика на смиреност, воздржување од насилство и почитување на правниот поредок.
Најостро го осудуваме насилството во Парламентот. Тоа не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин за решавање на разликите. Клучно е сите партии да ги почитуваат демократските процеси и правото и да се воздржуваат од насилни активности кои ја влошуваат ситуацијата. Мнозинството од пратениците го избраа Талат Џафери за претседател на Парламентот за време на регуларна, продолжена сесија на Собранието посведочено од јавноста и медиумите. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата во интерес на Македонија, се вели во соопштението од Амбасадата на САД.
