БЕСА го осуди насилство во Собранието

28.04.2017 10:29

Eдна мала грешка денес може да ни чини скапо утре- соопштија од БЕСА.

Движењето БЕСА го осуди насилство во Собранието на Република Македонија и упати повик до граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

„Убедени дека насилството не е начин за решавање на несогласувањата, ги повикуваме сите страни да бидат разумни, бидејќи една мала грешка денес може да ни чини скапо утре“- соопштија од БЕСА.