Јавно обвинителство: Се преземаат дејствија за расветлување на настаните

28.04.2017 11:04

Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено кривично дело...

Јавното обвинителство на Република Македонија презема дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите што се случуваа во Законодавниот дом вчера, информираат од ЈОРМ.

Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука, е наведено во соопштението. ​

Обвинителството воспоставило и вонредни дежурства, а надлежните јавни обвинители биле во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи.