И по две декади Босна одново во центарот на вниманието

10.02.2014 18:17

И денеска во Босна и Херцеговина во повеќе градови се одржаа нови протести на граѓаните...

И денеска во Босна и Херцеговина во повеќе градови се одржаа нови протести на граѓаните. Оставки поднесоа претседателите на владите на 4 кантони, а демострантие  во Сараево упатија ново барање-  Владата на федрацијата Босна и Херцеговина да поднесе оставка.

Зградата на државниот врв е евакурана, а за босанските случувања во Брисел  ќе разговарат и министреите  за навдорешни работи на ЕУ.

Организторот на денешните протести во Сараево побара во рок од 19 часа владата на федерацијата на Босна и Херцеговина да даде оставка. Собирите на грѓаните коишто беа закажани преку социјалните мрежи се одржаа и во повеќе градови.

Полицијата во Мостар го забрани протестот бидејќи не бил најваен, а безбедносните служби го евакуираа државниот врв и вработените од зградата на претседателството   како и претседателот на Федерацијата пред почетокот на протестот.

Коментирајќи ја изјавата на високиот представник Валентин Инцко, доколку сотојбата ексалира,  треба да се размилува и за интервенција на европските трупи, Ештон објасни дека тој говорел само за хипотетична сотојба.

„Во момнетов најбитно е раководството на Босна и Херцеговина, да ги разгледа  реланите можности за загриженост на луѓето и економската состојба како и да се  и да изнајде решение“ изјави Кетрин Ештон, комесар за надворешни работи на ЕУ.

„Клучот на стабилноста на регионот е стабилна Босна и Херзеговина“, изјави шефот на словенечката дипломатија, Карл Ејровец.

Градовите  каде што овие денови се организираат жестоки протести и припаѓаат на Федрацијата  којашто според  Дејтонскиот договор се простира на 51 % од територијата на државата во којшто живее мнозинско бошњачко и хрватско население.

Федерацијата е поделена на 10 кантони, а додека Република Српска е единствена и се протостира на 49 % од територијата. Единствено градот Брчко не припаѓа на ниту еднен ентитет .

За добрите познавачи на сотојбите , „Дејтон“ донесе мир, а државата опстојува според  најкомлицираниот и најскап  устав на светот. И во три дела, Босна изминативе години   функционира цела.

 

Мирјана Василева